Организирани криминалци купува
() - 2007/12/13
www.vest.com.mk

СОФИЈА, 13 декември (Ројтерс) - Организирани криминални групи во Бугарија "купуваат" политичари, судии и државни службеници за да го легализираат бизнисот и да земат под своја контрола богати пазари, соопшти Центарот за истражување на демократијата (ЦСД). ЦСД соопшти дека криминалните групи потрошиле околу 150 милиони до 200 милиони лева (113 до 150 милиони долари) за ги купат гласовите на локалните избори во октомври.
"Ваква општа, масовна кампања на купување гласови досега се нема случено во Бугарија", изјави Тихомир Безлов од ЦСД на претставувањето на извештајот.
ЦДС е основана во 1989 година и е најценетата антикорупциска организација во Бугарија. Оваа нејзина студија е прва најсеопфатната, независна анализа на корените и развојот на организираниот криминал во Бугарија по распадот на комунизмот пред 18 години. Европската унија, чија членка Бугарија стана во јануари, се закани дека нема да ги даде финансиите наменети за Софија ако не ја подобри борбата против криминалот и корупцијата.


Go back BG Online